Секој граѓанин е одговорен за постапките на својата земја, а тоа важи и за граѓаните на Русија, изјави естонската премиерка Каја Калас.
Естонија нема намера да им даде засолниште на Русите кои сакаат да избегнат делумна мобилизација и им предлага да се вклучат во антивоени активности во нивната земја, рече премиерот Каја Калас.
Овде прифаќаме украински бегалци од војната. Секој граѓанин е одговорен за постапките на својата земја, а тоа важи и за граѓаните на Русија, затоа не даваме никакво засолниште. Тоа не е причина да им се даде засолниште на Русите кои бегаат од земјата. Треба да излезат и да кажат дека се против таа војна – изјави Калас за Си-Ен-Ен.
Да потсетиме, Путин вчера повика 300.000 резервисти во првата мобилизација во земјата по Втората светска војна, а британските весници, како што е „Дејли мејл“, коментираа дека побарувачката за летови во еден правец од Русија нагло се зголемила.
Директните летови од Москва до Истанбул, Турција и Ереван, Ерменија, двете безвизни дестинации за Русите, се распродадоа истиот ден, според Airsales, најпопуларната веб-страница за купување летови во Русија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.