Естрадата се простува од Џеј Рамадановски: „Недела….а повеќе нема да ве гушнам“

Познатиот српски пејач Џеј Рамадановски почина денес (06.12.2020) на 56 години откако неговото срце престанало да чука.
Неговите колеги од регионалната естрада се простуваат од познатиот пејач.
Јана Тодоровиќ
Српската пејачка Јана Тодоровиќ во емисијата „Премиера“ дознала за смртта на Џеј, па веднаш почнала да плаче. Јана во солзи ја отпеја неговата песна „Недеља“ и истакна дека Џеј секогаш бил добар кон младите пејачи и бил подготвен да помогне.

Лепа Брена

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


„На крајот од денот, твоето срце престана да чука“, напиша Лепа Брена на социјалните мрежи покрај заедничката фотографија со Џеј.
Ацо Пејовиќ

„Во шок сум, дознав пред 10 минути. Си замина најголемиот боем меѓу нас и во начинот на живот и во песните што ги пееше. Го паметам како голем пријател, како брат кој многу ми помогна во кариерата. Почнав со него во Бомба и станавме браќа “, рече Ацо Пејовиќ за„ Курир “.
Тања Савиќ


Музичката сцена остана изгуби уште една ѕвезда. Нека те чуваат ангели“, напиша Тања.
Аца Лукас


„Го изгубив мојот брат…Не можам повеќе да зборувам“, изјави Аца Лукас за „Ало“.
Мина Костиќ


„Многу сум разочарана, тешко ми е, не знам што да кажам. Имавме голем хит „Славија“, ќе имам убав спомен на нашето дружење. Беше добар за другите, но не за себе. Се слушнавме пред месец ипол, но секојдневно бев упатена преку кумот Рулет“, изјави Мина Костиќ.
Мирко Кодиќ


„Нека му е лесна земја. Со Џеј свирев на свадби по Италија, Виена, Швајцарија. Секогаш беше позитивен, никого не мрзеше, го сакаа и белите и црните луѓе. Ни остави многу хитови. Му благодарам“, изјави Мирко Кодиќ за курир.рс
Марина Туцаковиќ


„Нашиот пријател го донесе и кажа дека малиот знае да пее. За жал и Зоки е починат. Џеј ни пееше, играше, бевме фасцинирани, тој глас, таа енергија, една душа, но знаете како – оваа работа е сурова и не го поднесуваат сите исто….Фута се слушаше со него, а јас не, поради короната и својата болест. Немав појма, слушнав пред 15 минути и сум во шок“, изјави Марина во „Премиера“.
Ана Бекута

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


„Недела, а повеќе нема да ве гушнам. Само што дознав дека престанало да чука големото срце на Џеј. Баш во недела. Далеко некаде сега, на пат без враќање, нашиот син се подготви и си замина. Нека ти е светол тој пат, драги колега. Нека ти е лесна земја. Искрено сочувство до семејството и сите кои го сакаат. Ана и Милутин“, напиша Ана Бекута на Инстаграм.
Марија Шерифовиќ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)


„Никогаш повеќе нема да се роди таква душа, таква насмевка, таков хумор. Не се повторува ни таква боја на гласот. Да не зборувам за песните. Јас и да сакам нема да те заборавам бидејќи не се живее без твоите песни. Нека те чуваат ангелите“, напиша Марија Шерифовиќ.
Снежана Ѓуришиќ


“Со голема тага ја примив веста дека Џеј не остави. Бевме колеги, соработници, пријатели, се надевам и ме теши мислата дека е на подобро место. Тој беше пред сè и добар човек, а потоа и многу посебен и специфичен глас. Остави во музиката и на сцената, и знам дека не сум сама кога ќе кажам дека на сите ќе ни недостига. Вечна слава на тебе, драги Џеј“,изјави Снежана Ѓуришиќ.
Драгана Мирковиќ


Недела е, а повеќе нема да те гушнам. Твоето срце секогаш даваше љубов и затоа денес кога престана да чука со себе однесе и дел од нас кои сите те сакавме. Патувај со ангелите драги мој Џеј и нека твојата душа најде мир кој најмалку го имаше во животот. Се што направи во твојот живот нема да биде заборавено бидејќи легендите не умираат“, напиша Мирковиќ на социјалните мрежи.
Тијана Дапчевиќ


„Мил мој Џеки, нека те чуваат ангелите, многу ќе ни недостигаш, посебно твојата насмевка и она твоето: „кај си бе македонче? Шо ќе прајме?…Почивај во мир“, напиша Тијана.
Тамара Тодевска

„Недела и сите сте тука. РИП Џеј“, напиша Тамара на Инстаграм.
Лина Пејовска


„Ќе ни недостигаш. Почивај во мир“, напиша Пејовска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.