Еве што кружи на Фејсбук. Не знаеме дали е вистина или фотошоп. Веројатно за тоа ќе се произнесе или нема да се произнесе самиот Пеце Богојески попознат и како Бунтур. Имено, некоја жена му побарала пријателство на кое тој не одоговорил соодветно. А таа да ми ти била функционер во еден од комитетите на Мицковски… Расне непријателството и се поголема е забуната кој е всушност Пеце и кого претставува…Таа госпоѓа направила скриншот, веројатно во знак на одмазда и го објави на својот ѕид. Потоа тоа истото вирално се рашири насекаде и имаше лавина на реакции… На ова реагираше и Љупчо Христовски познат фејсбук активист, кој редовноги коментира општествените појави од свој агол…
Подолу следуваат скриншотовите па донесете си сами заклучок што е што.Инаку Петар постојано изнесува ставови кои се различни од оние на Мицковски и јавноста се почесто се прашува дали тој е всушност „тајниот“ гласноговорник, односно го говори она што Мицковски не смее, поради коњуктурни причини, да го каже. Инаку Пеце постојано ги провоцира сите што не мислат исто како него. Па едните ги нарече „рубља патриоти“ а деновиве и јавно побара да се гласа на референдумот на кој Македонија треба да си го промени името и Уставот.