Откако пратениците едногласно ја избраа Сале Ворк Зевде за претседателка, Етиопија од денес за прв пат имаат жена за шеф на државата.
“Во патријархално општество, како нашето, именување на жена за шеф на држава не е само утврдување на стандардите на иднината, туку нормализација на улогата на жената како носител на одлуки во јавниот живот”, напиша на Твитер шефот на кабинет на премиерот Аби Ахмед.
Зевде го оцени неодамнешниот трансфер на моќта на реформистичкиот премиер „за пример“ и рече дека ќе се фокусира на поврзување на сите страни за постигнување мир во земјата, во која во последниве месеци владеат мултиетнички конфликти . Етиописките пратеници минатата недела ја одобрија новата Влада со рекордни 50 проценти женски министерки, меѓу кои и прва жена министер за одбрана.