петок, 27 ноември 2026
Најново

ЕУ го поздравува тоа што локалните избори во Македонија беа конкурентни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европската Унија го поздравува тоа што локалните избори во Северна Македонија беа конкурентни и што основните слободи беа во голема мера почитувани, иако тие се одржаа во високо поларизиран политички амбиент и со некои процедурални недостатоци, изјави за државната МИА портпаролот на Европската комисија за проширување – Гијом Мерсие.– ЕУ ги нотира прелиминарните наоди и заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија на локалните избори во Северна Македонија на 19 октомври 2025 година – истакна Мерсие.Според него, ЕУ ја охрабрува земјата да ги адресира сите препораки на Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), вклучително и за измена на Изборниот законик.

Поврзани вести