Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска се договорија ЕУ да одвои 35 милијарди евра за поголем, планиран заем од Г7 на Украина.
Заемот од Г7 ќе ги користи замрзнатите средства на руската централна банка, потврдија дипломати од земјите на ЕУ.
Г7 и ЕУ во јуни објавија дека ќе обезбедат заем од 50 милијарди долари за помош на Украина, кој ќе биде отплатен со профитот генериран од замрзнатите руски средства на Запад.