ЕУ и додели на Украина 1,5 милијарди евра за обнова на инфраструктурата

ЕУ ѝ додели на Украина помош од 1,5 милијарди евра, што треба „да и помогне на земјата да продолжи да работи и да ја обнови инфраструктурата“, објави на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Средствата се дел од програмата за европска финансиска помош за Киев во вредност од 18 милијарди евра.

Фон дер Лајен додаде дека остро ги осудува руските напади врз украинските магацини за жито и инфраструктурата поврзана со извозот.

„Додека Русија ја продолжува својата безмилосна војна, ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина“, напиша претседателот на ЕК, додавајќи дека „ќе има уште“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.