„Успеавме да ја пополниме празнината и да ги финализираме важните реформи за да ја забрзаме нашата енергетска транзиција и тоа ќе има значително геополитичко влијание“, оценува Борел.
Според него, освен во самата Украина, војната предизвикала сериозна енергетска криза во Европа „поради начинот на кој Русија ја користи енергијата“.
Вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди долгорочна поддршка на ЕУ за Украина во одбивањето на руските напади.
„Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ“, информираше Фон дер Лајен.
„ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку што е потребно. Ја поддржуваме вашата херојска борба. Борба за слобода и против бруталната агресија“, уверила претседателката на ЕК во нејзиниот прв разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за оваа година.
Како што потсети ДПА, ЕУ обезбедува генератори, светилки, засолништа и училишни автобуси оваа зима и наскоро ќе започне да го исплаќа својот пакет за поддршка од 18 милијарди евра во месечни транши.
Фон дер Лајен, пај, навести дека можеби наскоро повторно ќе отпатува во Украина, потенцирајќи дека „со нетрпение очекува повторно да се сретне“ со Зеленски „наскоро во Украина“
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.