ЕУ не сака да се меша во “Случајот Груевски”, изјави Коцијанчич

На прашање на “Пресинг“ ТВ дали доколку Унгарија како земја членка на ЕУ одобри азил ЕУ тоа ќе го почитува портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич одговара дека Европската унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и со неговото барање политички азил во Унгарија, додавајќи дека тоа е случај кој не смее да се политизира.
“Свесни сме за ситуацијата во врска со господинот Груевски. Ние не коментираме тековни судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, за земјите членки и за земјите кандидати. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејстуваат строго во согласност со релавантните правила. Ова е судска постапка која не смее да се политизира”, изјави Коцијанчич.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.