ЕУ нè затвори уште најмалку две недели по дома, нема патување ни во Грција, ни во Бугарија

Иако границите ни се отворени, опциите за патување во странство ни остануваат неколку – Косово, Албанија и Србија. Преку камерите на граничните премини Блаце, Табановце и Ќафасан може да се види проток на автомобили, но далеку помалку од вообичаените јулски гужви на кои сме навикнати.
Но, граничните премини Деве Баир и Богородица изгледаат скоро празни.
Грчките медиуми јавуваат дека утрово околу 15 возила од Северна Македонија и Босна и Херцеговина биле вратени од грчко-бугарскиот граничен премин Промахонас откако сакале да влезат во Грција од Бугарија.
Европската Унија потврди денеска дека поради тоа што во земјава не опаѓа бројот на заразени со Ковид-19 остануваат во сила патните ограничувања за влез во Шенген-зоната и тоа уште најмалку две недели. Тоа не се однесува пак, за граѓаните на Србија, Црна Гора и некои трети земји. Според синоќешната препорака на Европскиот совет, се прави исклучок за граѓани-жители на ЕУ и нивните семејства, како и за дипломати, меѓународни воени лица, студенти, сезонски работници во земјоделскиот сектор, вработени во здравствениот сектор, во домови за стари лица и за оние кои треба да патуваат за итни случаи. Дури според препораките, ниту една земја-членка не смее без претходна координација да ги укине патните ограничувања за трети земја како што е и нашата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.