Европската комисија официјално во четвртокот предложи воведување на данок на финансиски трансакции во 11 држави на Европската унија (ЕУ), со кој се очекува годишно да се соберат 35 милијарди евра и порача дека ова е прв чекор кон воведување на ваков данок во целата Унија.Данокот на финансиски трансакции (FTT) би требало да ги присили банките да платат за помош за даночните обврзници во време на криза, а се воведува од јануари наредната година.Данокот ќе изнесува 0,1 отсто за работење со акции и обврзници и 0,01 отсто на трговија со финансиски деривати.Предлогот на Комисијата се темели на соодветната законска иницијатива на 11 членки на ЕУ, кои претставуваат две третини од економијата на Унијата. Тие одлучија да воведат ваков данок и покрај негативниот одговор на преостанатите 16 држави.Новиот данок се воведува во Германија, Франција, Австрија, Белгија, Естонија, Грција, Италија, Португалија, Словачка, Словенија и Шпанија.
МакфаксЕвропската комисија официјално во четвртокот предложи воведување на данок на финансиски трансакции во 11 држави на Европската унија (ЕУ), со