„Го поздравивме смирувањето на тензиите и отстранувањето на барикадите. ЕУ одигра активна улога за да се постигне ова, во координација со САД и КФОР“, изјави таа.
Според неа, „ситуацијата и понатаму е нестабилна“.
„Очекуваме сите страни да се воздржат и да останат смирени, да избегнув аат дејствија што можат да доведат до ескалација или насилство“, а ЕУЛЕКС ја следи ситуацијата.
„Настаните во последните неколку недели покажаа колку е важно да се направи вистински и неповратен напредок кон нормализација на односите“, рече Масрали, пренесе Бета.
Таа додаде дека ЕУ очекува спроведување на сите договори постигнати досега во дијалогот, „почнувајќи од враќањето на косовските Срби во институциите и почетокот на разговорите за Заедницата на општини со српско мнозинство“.
„ЕУ ќе продолжи (да работи) со двете страни во овој поглед“, рече Масрали.