„Шеин“, „Тему“, „АлиЕкспрес“ и други слични компании ќе мора да плаќаат царина за своите пратки во Европската Унија. Имено, министрите за финансии на членките на Унијата се согласија да воведат царина. Досега, пратките со евтина стока се увезуваа бесплатно.
Намерата е да се започне со наплата на царински давачки што е можно поскоро во текот на следната година. Ова е реакција на масовните пратки на евтина стока, првенствено од Кина. Холандскиот министер за финансии, Елко Хајнен, изјави дека е време овие пратки да се стават под контрола.
Моментално, во ЕУ не се плаќаат царински давачки за пратки од земји кои не се членки на Унијата (трети земји), а чија вредност е до 150 евра. Царинските давачки ќе бидат во форма на фиксна такса што ќе изнесува две евра по пратка.
Властите уверуваат дека целта на овој начин е да се обезбедат еднакви услови за работење за сите трговци. Се тврди дека пратките евтина стока од Кина особено им наштетиле на малите и средните компании во ЕУ, а зголемувањето на пратките од Кина ја зголемило количината на отпад од пакување.
Првичната намера на Унијата беше овие тарифи да се наметнат од 2028 година, но ова се промени поради растечкото незадоволство кај нејзините членови.
Според податоците од Европската комисија, минатата година во ЕУ секој ден пристигнувале 12 милиони пакети, што е значително повеќе отколку во претходните две години. Две онлајн платформи за малопродажба, кинеската „Тему“ и „Шеин“, се особено популарни, објави германскиот дневен весник „тагешау“.
The post ЕУ ќе воведува царински давачки за пратките на евтина стока од Кина, а познато е колку ќе биде надоместокот по пакет appeared first on Во Центар.



