Затворен случајот со реваншот од Европскиот куп: АЕК суспендиран од Европа, казна има и за Алкалоид

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот со реванш финалниот натпревар помеѓу Алкалоид и АЕК во Скопје кој не се одигра.

Грчкиот состав незадоволен од бројката на дозволени навивачи од страна на Алкалоид не се појави на теренот, а неколку дена подоцна Европската ракометна федерација пехарот додели на македонскиот претставник со службен резултат 10-0 од тој натпревар. Ќе потсетиме, Алкалоид победи на првиот натпревар во Атина со 29-25.

Но, ЕХФ го казни и Алкалоид со 5.000 евра затоа што не успеал да обезбеди доволен контигент билети за гостински навивачи што е обврска според правилата на ЕХФ.

Сепак, многу посериозни санцкии доби грчкиот остав кој ќе мора да плати 20.000 евра затоа што не се појави на натпреварот. Исто така АЕК е суспендиран и од сите европски натпреварувања за наредните две сезони.

Пронајдете не на следниве мрежи: