(ЖАБЈА) ПЕРСПЕКТИВА

Перспектива не значи она шо мислиш ти. Перспектива е сублимат на мултиаголни опсервации на дадена тема ( објект ). Но, како ти тоа да го осознаеш? Да почнеме наопаку, ќе ти кажам како никад нема да ја добиеш перспективата. Никад нема да добиеш перспектива без скепса. Да сфатиш дека работата има повеќе од еден агол. Понатаму, да не се служиш со ready made лимунади или кованици од твои идоли помешани со традиционални вредности. Еј, перспектива е и дека твојот идол на кој му се клањаш е срање, заебано нели?
Да прејдам на главното.
Се случуваат случки.
Девојка не може да стигне на погребот на сопствениот татко, живи горат 15 луѓе во БОЛНИЦА во 21-ви век, гори Галичица 8 дена, ….. Срањето иде назад у недоглед назад и секогаш си на штрек за ново срање утре. Чаре?
Е тука кај Чарето, настанува заебот.
За да најдеш лек треба ДИЈАГНОЗА (мултиаголна опсервација на темата) а шо праиш ти – ред солзи ред мрсули и бараш оставки. Шо ќе сменат тие? Си размислил. Нормално дека не, зафатен си со плачење и мрсулавење.
Да тргнеме од најсвежото.
Слики од госпоѓа на раскрсница. Плаче. Задоцнила на погребот на татка си поради сообраќаен метеж предизвикан од посета на Косовски чауши. Шо праиш ти? По нормалното, човечкото, емпатиското, изразуваш сочуство и се чудиш во каква држава живееш. И бараш виновник, да го покажеш со прст и побараш оставка.
Дали тоа ќе и помогне на госпоѓата? Секако дека не. Дали ќе помогне на следните што можеби утре ќе се најдат во слична ситуација? Секако дека не. И така од коа си се исплакал и измрсулавил над туѓата лоша судбина ти го бараш виновникот. Тесни улици, недоволно излези, и што ли уште не, но не го гледаш СЛОНОТ во собата, она шо навистина допринело случката да се случи. Тоа е затоа шо немаш #перспектива.
Да не го тупиме, ја ќе ти кажам зошто госпоѓата не стигна на погребот на сопствениот татко – причината е едноставна и ќе ти истера очи – #СЕВЕРНА.
Ако те боли главата тука напрај пауза, зошто идат и покомплицирани работи.
ТВРДАМ дека кога госпоѓата би живеела на секое друго место на планетава освен Северна, би стигнала на погребот на својот татко. Како? Многу лесно. Во секоја ДРЖАВА еден од полицајците би ја повикал госпоѓата, би ја седнал во полициско возило и би ја однел право на гробишта. Зошто? Затоа што во ДРЖАВА полицаецот е во служба на народот има свест дека ТИ му го ставаш ручекот на маса, ТИ му ги школуваш децата и плаќаш струјата. Во ДРЖАВА, полицаецот не е партиски полтрон како во #Северна каде што лебот му зависи од друг партиски полтрон наречен министер. Тоа ја убива човечноста во него и тебе те гледа не како извор на сопствената егзистенција, туку како проблем кој може да му донесе невољи кај шефот. ВО ДРЖАВА полицаецот ќе направеше место за колата на госпоѓата и ќе ја пуштеше да помине наместо да биде заглавена 3 часа. Во ДРЖАВА, полицаецот ќе почуствуваше емпатија, ќе најдеше начин – но не и во СЕВЕРНА. И замисли сега ти или твој близок да се најдете во смртна опасност а некој друг Курти или Мурти да поминува низ градот. Ќе цркнете како песови. Ако ви е за утеха, и по вас ќе има ред солзи ред мрсули по социјалните мрежи.
Да ви кажам тајна. И луѓето што изгореа во модуларната болница ги зема СЕВЕРНА. Во нормална држава, модуларна болница не би се пуштила во употреба без технички прием, противпожарни стандарди, испитана електрика, вентилација, тест за земјотресна отпорност. Но во СЕВЕРНА се пушти. Затоа изгореа луѓето, затоа што НИКОЈ не смее да се меша во профитот на газда Кочо. Најмалку инспектор. Затоа што го чека истата судбина како просветниот инспектор кој најде аномалии на тетовскиот универзитет. СЕВЕРНА ги изгоре луѓето во Тетово, избришете ги мрсулите и отворете ги очите. СЕВЕРНА ги пеплоса и Галичица и Малешевијата, зошто у нормална држава џенерал Стојанка ќе беше кловн шо крши цигли со глаа по твитерашки circle jerk -ови, а не директор на агенција за спасување. Само во СЕВЕРНА ти можеш да ринташ 6 дена во неделата за 300€ додека Боки 13 шета со Луј Витон ташни со милиони евра. Во нормална ДРЖАВА Боки 13 би седел на “Фарма” за 300€ месечно, како и што седеше. Во нормална ДРЖАВА Саше Политико би бил тестер на нови лекови и донатор на сперма, во СЕВЕРНА тој лапа 2000€ месечно за идолопоклоништво кон Заев.
Затоа немате ПЕРСПЕКТИВА, т.е. имате, ЖАБЈА. Леете солзи и мрсули секој ден со надеж дека СЕВЕРНА ќе добие нов “шофер” шо ќе ја “вози” поарно од овој.
Се додека не си признаете на себеси дека ГЛАВНИОТ проблем е СЕВЕРНА, ќе касните на погреби, ќе горите живи, ќе ве дупат Бугари….
СЕВЕРНА е криминално садистичка творба од која полза имаат само 1000 криминалци од позицијата и опозицијата кои секојдневно те крадат и продаваат. СЕВЕРНА не е направена за тебе, за ти да имаш добар живот, направена е за НИВ.
На тебе е ЖАБО да решиш, ќе лееш солзи и мрсули секој ден или ќе рипнеш надвор од тенџерето со топла вода?
#HeadsUp, ќе станува сѐ пожешко во тенџерето.
Проф. Мр. Сашо Панговски
( Не цар ко Мартин )
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.