Жан Митрев за Филан, терористот на кој му се суди во Германија: „Пробував да му помогнам, но го избра најстрашниот пат“

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот“, вели д-р Жан Митрев.
Ваквата изјава доаѓа по информациите кои се појавија вчера дека 25-годишниот Филан Митрев, Македонец со германско државјанство, деновиве се најде пред германскиот суд да одговара за кривично дело „тероризам“. Тој во ноември 2019 година бил уапсен од страна на германската полиција заедно со уште двајца осомничени на 21 и 22 години од турско потекло, под сомнение за подготвување на терористички напад.

Германските медиуми кои пренесуваат детали од судењето пишуваат дека Филан навел оти бил наивен, имал среќно детство и никогаш не бил удрен од родителите.
„Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, додава д-р Митрев за „Сител“.
Според германските медиуми, Филан пред неколку години ја променил верата и сега е дел од радикалниот ислам и припадник на џихадистите. Тој и претходно се соочил со германскиот правосуден систем кој му пресудил две и пол годишна затворска казна за изнуда и физички напад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.