недела, 29 ноември 2026
Најново

Жан Митрев повикан на распит во Обвинителството, а по исказот му е одземен пасошот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска доктор Жан Митрев еповикан на распит во скопското обвинителство, по предметот кој беше отворен по сторијатана ИРЛ, за лекување на ковид пациенти со методот на хемофилтрација.

По исказот на Жан Митрев, а поради опасност да избега, одземен е неговиот пасош:

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

…На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на сопственикот на клиниката Жан Митрев, му го одзеде пасошот…
Жан Митрев повикан на распит во Обвинителството

-Точно е дека лицето е повикано на распит во обвинителството за одредени околности за предметот кој беше отворен во обвинителството по допрен глас. Распитот го води обвинителката која го работи предметот, изјавиле од Обвинителството.

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на сопственикот на клиниката Жан Митрев, му го одзеде пасошот.

Судот е согласен со наводите на обвинителството дека постои опасност Митрев да избега.

Обвинителството соопшти дека отвори истражна постапка против доктор Митрев за кривично дело „Измама на пациенти“.

Основното јавно обвинителството – Скопје по допрен глас оформи предмет на 18 јули, откако ИРЛ објави истражување за работењето  на клиничката болница „Жан Митрев“ и на доктор Жан Митрев во периодот од 2020 до 2022 година. 

Повеќе на темава прочитајте: ⬆⬆⬆⬆
Документарецот што не потресе сите: ⬆⬆⬆

Поврзани вести