Желино и го врати писмото на Славјанка, на погрешна адреса сте пишале

Општина Желино денеска го добила писмото од Министерството за одбрана со барање за поставување споменик за десетмината убиени бранители кај Карпалак.

Градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу за телевизија Сител порача дека писмото е на погрешна адреса бидејќи општината не била надлежна за да одлучува за такво нешто.

Желино и го врати писмото на Славјанка, на погрешна адреса сте пишале

– И јас како градоначалник ако сакам да градам на самиот автопат некој споменик не ќе можам. Морам да се обратам до ЈП за државни патишта. Значи, Законот го вели тоа. Плус тоа, таму нема урбанистички проект. Законот вели така. Треба да се урбанизира прво, да се види дали има услови, итн., итн. Но во самиот автопат, каде што е предвидено за тоа директно е надлежен ЈП за државни патишта – изјави градоначалникот Сејдиу за ТВ Сител.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вторникот на одбележувањето на 22- годишнината од загинувањето на десетте македонски бранители кај месноста Карпалак истакна дека ќе бара дозвола од Општина Желино за изградба на достојно спомен обележје кај месноста Карпалак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.