Овој феномен се појавува кај сите луѓе, а всушност е диктиран од главата.
Желудник за благо: Еве зошто имате место и за десерт иако сте сити
Веројатно на сите ни се случило откако убаво ќе се најадеме, сепак да ни остане малку простор за десерт.
Но, дали сте се запрашале зошто е тоа така?
Станува збор за реакција на вашиот мозок, а не само за алчност, велат експертите. Откако јадете нешто што ви се допаѓа подолго време, почнувате да се презаситувате и помалку да го сакате. Затоа оставате простор за она што следува и што повеќе го сакате.
„Кога јадеме, ние всушност се заситуваме со вкусот и мирисот на јадењето“, велат експертите.
Додека јадеме, храната станува помалку привлечна. Но, ако нешто повеќе ни се допаѓа од останатото, постои можност да го јадеме тоа повеќе од другата храна. Всушност, сето тоа е во вашата глава.
Експертите објаснуваат уште еден феномен. Имено, кога знаеме дека ќе следува десерт, ние потсвесно си оставаме местото и помалку ја јадеме храната што е пред нас во тој момент за да можеме да уживаме во десертот. На тој принцип функционира и мозокот кој дава сигнали дека ќе ги добиеме сите хранливи материи што ни се потребни.
Една студијата од 90-тите години покажала слични резултати. Педијатар од Чикаго им дозволил на децата да јадат што сакаат. Пред нивните креветчиња се наоѓале послужавници со различна храна. Децата покажувале што сакаат, а негувателките ги хранеле.
Но, по некое време, на децата почнале да им здосадуваат состојките кои претходно ги обожувале. Така, експертите заклучиле дека станува збор за вроден механизам.