Жената е најубава кога е сакана, не е до шминката, до среќата е

Како што може да се забележи од многу различни аспекти на односите, мажите имаат тенденција, да уживаат во доминантнитe улоги кои им даваат чувство на контрола.
Изразите како што се: ‘Се знае кој е машко во семејството’, се појавуваат кога се размислува со стариот стеротип, дека мажите треба да имат контрола во своето домаќинство ( и сопругата). Оваа потреба за доминација, повремено доаѓа во прашање, посебно кога незрел маж, не може да се помири со своите чувства (и несигурност), откога силна жена ќе се појави во неговиот живот.
Незрел маж често се чувствува застрашено од моќни жени од неколку причини:
Силната жена нема страв да го ‘построи’ мажот поради неговите глупости. Силните жени на мажите им даваат до знаење, дека тие не се со нив само поради нивното его. Таа смета, дека тој треба да биде одговорен, да го предупреди кога прави грешки или кога тврди како тој е секогаш во право.
Силните жени се паметни и способни, што е во судир со незрелоста на мажот.

Тој чувствува притисок, поради успехот кој се очекува од него. Силните жени ги подржуваат своите партнери, тие ги сакаат и ги мотивираат како да бидат најдобри. Незрелите мажи често таа подршка и амбициозни очекувања, ги гледаат со страв. Се плашат дека очекувањата се поголеми и дека нема да се носи со тоа.
Да не спомнуваме дека незрелите мажи, не поднесуваат конструктивна критика. Тој се плаши од врзување и обврски. Незрелите мажи немаат појма што сакаат од животот, а силните жени, точно знаат што сакаат од животот. Ако силната жена сака да биде со маж, тоа е затоа што таа така одлучи, дека тој е тоа, што таа сака. Таа не се плаши од обрски.
Тоа за незрелите мажи пак е застрашувачко. Сериозноста не е нивна сила. Таа секогаш ќе каже што мисли. На силните жени не им е проблем да се соочат со некој, поради нешто што рекол и направил. Ако сте направиле нешто што не и’ одговара, таа тоа ќе ви го каже.
Тоа може да биде многу застрашувачко за незрелите мажи, бидејќи тие не се навикнати, жена да биде толку директна.
Силната жена тешко се импресионира. Незрелите мажи обично не се тие кои вложуваат многу труд во односот, што е проблематично, бидејќи јаките жени очекуваат подеднакво силен партнер. Тие живеат страсно секој ден и потребен им е партнер, кој ќе ја покаже сопствената страст во односот, за да знае дека тој е партнер кој вреди да се има.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.