Жена била клинички мртва 27 минути: Кога се разбудила зела пенкало и хартија, а нејзината порака е застрашувачка

Необичната приказна за Американката Тина Хајнс повторно е актуелна, а на мрежите подгрева дискусии за можно постоење на задгробен живот.

Таа доби срцев удар во февруари 2018 година, а секој обид на нејзиниот сопруг Брајан да ја реанимира беше неуспешен. И лекарите се обиделе да ја оживеат и увиделе дека била клинички мртва цели 27 минути.

Кога Тина конечно се разбудила, од присутните побарала пенкало и хартија и напишала порака која ги шокирала сите, пренесува LadBible .

Зборовите „Тоа е реално“ ги напишала со едвај читлив ракопис, а на прашањето што сака да каже, таа едноставно го подигнала погледот.

„Беше реално, боите беа толку живи“, изјави Тина за локалните медиуми, истакнувајќи дека верува дека го видела Исус.

Експертите истакнуваат дека ваквите искуства не се ретки.

Според достапните студии, додека повеќето луѓе не паметат ништо (во периодот на клиничка смрт), околу 10-20 проценти имаат некаква визуелна или сензорна епизода.

Иако таквите епизоди може да изгледаат мистични, просветителски, научниците веруваат дека тие се на дофат на (медицинско) објаснување за тоа што се случува за време на блиску смртно искуство.

Пронајдете не на следниве мрежи: