Жена возела по пруга бидејќи така и покажувала навигацијата

Дали ќе направите се што ви кажува системот за навигација во возилото? Ова прашање се наметна по објавувањето на видеото на една жена, која слепо слуша што и вели уредот.
Возачите од целиот свет си го поставуваат прашањето дали слепо мора да се следат упатствата на уредите за навигација. Еден бизарен случај од предградието на американскиот град Питсбург покажа како жена по секоја цена вози според упатствата.

На 21 овој месец , полицијата добила дојава дека на пругата има автомобил. Кога дошле на местото , не можеле да си дојдат на себеси од изненадување.
Виделе жена како вози автомобил качен на пругата. Кога ја запреле, сериозно одговорила дека возела по шини зашто така и покажала сателитската навигација.
Полицајците, во неверување провериле дали жената е под дејство на дрога или алкохол, но се испоставило дека е трезна и ја кажува вистината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.