Жена загина, дете се бори за живот по пад од зграда во Кисела Вода

Трагедија се случила вчеравечер во скопската населба Кисела Вода. Седумдесетгодишна жена и малолетник паднале од зграда, по што жената починала на лице место, а малолетникот е тешко повреден.

„Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Кисела Вода две лица (70-годишна жена и малолетник) паднале од висина (од зграда). Жената починала на местото на настанот, а малолетникот е пренесен во Ургентен центар за укажување на помош“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: