Жена загина од лавина во ски-центар на косовската страна на Шар Планина






Косовската полиција соопшти дека попладнево странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар Брезовица, на косовската страна на Шар Планина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштение за медиумите на косовската полиција се вели дека најверојатно една жена, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот во Брезовица, како последица на снежна лавина на местото наречено „Орловско гнездо“.

Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели изјави за медиумите дека жртвата е жена на 54-годишна возраст, а потрагата по неа продолжува.

– На 13.02.2024 година околу 15:35 часот добивме информација дека едно лице се сомничи дека починало додека скијало во ски-центарот во Брезовица, на местото наречено „Орловско гнездо“. Се претпоставува дека причина за инцидентот е лизгање на снежна лавина. Полицијата и спасувачките екипи се таму и навреме ќе ве известиме за повеќе информации. Жртвата е жена, странска државјанка, на возраст од околу 54 години, се вели во изјавата на Весели за медиумите.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: