Жена била снимена на безбедносните камери во болница како го искрши роботот со голема палка затоа што го ставиле да го замени рецепционерот. Роботите денови сè повеќе ги заменуваат луѓето. Во Кина, на пример, некои болници ги заменија традиционалните човечки рецепционери со роботи.
Иако си има свои предности, може да слободно да се рече дека си има и свои проблеми како што беше случајот со неодамнешниот инцидент во кој жената, навидум била фрустрирана од машината, па го скршла со голема дрвена палка пред сите други во фоајето.
Инцидентот се случи во Болницата на Медицинскиот универзитет Ксужо во истоимениот град на 23 април, а видеото за брзо почна да се шири по социјалните мрежи.
Според локалните извештаи, жената боледувала од некаква ментална болест, па безбедносниот оддел на болницата бил принуден да повика полиција. Останува нејасно што точно се случило потоа. На видеото имаше многу коментари од типот „Еве ти, Терминатор. Сара Конор се врати од мртвите“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.