Жена и дете настрадаа на пешачки премин во Скопје

Попладнево се случи сериозен сообраќаен инцидент на булеварот Партизански одреди во Тафталиџе 2, на делницата меѓу мостот Обединети нации и Сити мол. Жена и дете беа прегазени на пешачкиот премин. Според информации од очевидци, возачот изгубил контрола над возилото и ги удрил пешаците. Жената беше пренесена со автомобил во критична состојба, додека детето, кое исто така имаше сериозни повреди, лежеше на тревникот покрај патот. Очевидците веднаш повикаа итна помош и две возила на Итната помош брзо пристигнаа и ги пренесоа повредените во Градската болница. Според првичните информации, детето имало грбна повреда и беше итно однесено на понатамошно лекување поради сериозноста на повредата. Полициските служби од Министерството за внатрешни работи спроведоа увид на местото на несреќата и работат на утврдување на сите околности околу инцидентот.
The post Жена и дете настрадаа на пешачки премин во Скопје appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: