Жена и дете прегазени на пешачки премин на Партизанска

Пред малку на булеварот Партизански одреди во Тафталиџе 2, на потегот меѓу мостот Обединети нации и Сити мол, се случила тешка сообраќајна несреќа во која беа прегазени жена и дете на пешачки премин, јавуваат гледачи на Инфомакс.

Повредените, според првичните информации се во тешка состојба и се пренесени во Градската болница.

Засега од МВР не даваат информации за настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи: