Пејачката Тијана Ем, која неодамна зборуваше за можна свршувачка со момчето со кое е во врска неколку месеци, сега отворено проговори за огромните суми на пари кои гостите на забавите ги „почестуваат“ пејачките.На прашањето кој е најголемиот бакшиш што го добила, таа одговорила: – Во принцип, никој не сака да зборува за точната бројка. Се случува да пееме на места каде што луѓето сакаат да плаќаат за музика. Седнуваме на маса, а тие даваат пари и пари колку да се купи добра кола. Толку – рече Тијана.Тијана Ем е позната по тоа што е една од омилените пејачки на ромските свадби, а како изгледа и дали се исплати открива:– Малку е комплицирано. Сите пејачи работат на диговор, има одреден буџет од кој се платени сите пејачи. Не е бакшиш, но парите што се гледаат на видеата и сликите одат сите во една кутија. На крајот, на секој пејач му се плаќа колку е неговата цена за тој ден. Вишокот во кутијата оди кај домаќините назад во нивната куќа – рече пејачката, пренесува „Информер“.
Пронајдете не на следниве мрежи: