Во реката Вардар, во близина на мостот кај велешкото село Кочилари, полицијата вчера ја пронајде почината М. К. (55) од село Сојаклари, Велешко.
Како што соопшти МВР, телото на починатата го пронашле полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
За М.К. на 31 декември 2022 година во СВР Велес било пријавено дека се оддалечила од домот.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.