Жена со ХИВ искасала полицаец

Повозрасна пијана жена во раните утрински часови ги вознемирувала присутните во дискотека во италијанската област Тоскана, а потоа и го искасала полицаецот, кој дошол да ја апси.


Повредениот карабинер сега ќе мора да мине низ низа прегледи, оти таа била заразена со ХИВ.
Жената која и претходно ѝ била позната на полицијата, му скокнала на предводникот на патролата и го гризнала повеќепати за рацете, пред да биде уапсена.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.