Жените ги открија најатрактивните физички карактеристики на мажите и тие се сосема неочекувани

Густа коса, добра смисла за мода, затегнати стомачни мускули, висина? Дали нешто од тоа го прави мажот привлечен? Иако многумина веруваат дека тоа е она што всушност жените го сакаат кај мажите, а слушнавме и што мажите најмногу забележуваат кај спротивниот пол, се покажа дека жените и не се баш „луди“ по тоа.

Во истражување учествувале 2.000 жени кои откриле дека ги привлекуваат мажи со сосема различни физички карактеристики од оние што вообичаено се „очекувани“.

Најатрактивни физички карактеристики кај мажите се ќелавите глави, пред високите јаболчици и зелените очи, барем така покажа истражувањето спроведено меѓу жените.

Следни по популарност се широките рамења и сините очи, а потоа влакнестите гради, русокосите прамени коса и темната коса.

Трендовите на брадата се најдоа на скромното седмо место, веднаш пред високите јаболчици, мустаќи и зелените очи.

Кафените очи се поставени малку надвор од првите десет, како и пирсинг и тетоважи.

„Убавината е во окото на гледачот. Изгледа одлично, ќелавите глави си го доживуваат својот момент. Значи, ако сте ќелави и се чувствувате добро поради тоа, треба да се чувствувате така. На крајот на краиштата, самодовербата е универзално секси, без оглед на косата или недостатокот од неа“, рекла Џесика Леони од веб-страницата која ја спроведе анкетата.

Пронајдете не на следниве мрежи: