Жените кои ги поддржуваат другите жени се поуспешни

Жените кои ги поддржуваат другите жени се поуспешни, смета Шели Залис, повикувајќи се на неколку истражувања кои тоа и го покажале, објаснувајќи зошто е важно жените да се држат заедно, пишува Forbes.
„Традиционално нè учеле да бидеме натпреварувачки настроени една кон друга, бидејќи на врвот недостигаат работни места. Но, повеќе од јасно е дека таа стратегија денес не функционира. Вистината е дека со меѓусебно помагање ќе се издигнеме и ќе направиме промена, а покрај тоа и добро ќе се забавуваме“, тврди Залис.
Таа нагласува дека е неопходно да се стави крај на стереотипите дека жените не се поддржуваат едни со други.
„Истражувањата покажуваат дека жените имаат повеќе корист од меѓусебната соработка отколку од конкурентното натпреварување и дека жените кои поддржуваат други жени многу се поуспешни во работата“, вели таа.


Едно од последните истражувања на Харвард Бизнис Ривју покажа дека е поголема веројатноста жените кои имаат тесен круг на блиски женски контакти да добијат подобри позиции со посилен авторитет и повисока плата. Од друга страна, не е докажано дека кај мажите полот на познајници има некаква врска.
Шели советува контактите да ги остварувате на основа на заеднички интереси и цели, а градењето на односот да ви биде приоритет.
„Не делувате со компанијата туку со луѓето кои ги познавате и им верувате. Секогаш на прво место сум го ставала времето со моите пријателки. Често обврските ве одделуваат од дружењето, но гледајте секогаш да најдете време за поврзување“, советува таа.
Акцентот го става на негување и градење однос со другите и на пофалба на другите жени.
„Многу ја сакам Shine Theory, теоријата за сјаење, која се залага за помош другите жени да се воздигнат и засјаат. Помагајте им на другите да напредуваат. Ако видите дека вашата соработничка добро ја работи работата, пофалете ја јавно, кажете му на шефот или на другите колеги. На тој начин ќе покажете дека сте тимски играч кој ги поддржува соработниците и инспиративен лидер кој е доволно сигурен во себе за да ги пофали другите“, објаснува Залис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.