Жените кои имаат поголем задник имаат големи здравствени придобивки

Според истражувачите, жените кои имаат поголем задник имаат низа здравствени предности за разлика од останатите. Едно ново истражување покажало дека жените со изразен и поголем задник се поотпорни на хронични болести.
Истражувањето било спроведено во Универзитетот Оксфорд, и во него учествувале 16.000 жени. Резултатите покажале дека жените со голем задник имаат помало ниво на холестерол и поголемо ниво на омега 3 масни киселини, кои помагаат во подобрата функција на мозокот и го одржуваат неговото здравје.


Покрај тоа, овие жени во просек биле попаметни за разлика од оние со помал задник. Главниот истражувач, доктор Константинос Манолопулос, истакнал дека сето ова всушност се сведува на распореденоста на мастите во телото. Луѓето кои имаат поголем процент на масти во задникот, а помал во стомакот, рацете и околу срцето, воглавно се поздрави и поотпорни на различни болести.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.