Жените “лудуваат“ по мажи со брада, дознајте зошто е тоа така!

Во последниве години, брадата стана тренд и еден од најпосакуваните украси на лицето на мажите. Една од причините зошто е ова вака е бидејќи на машкото лице му дава дополнителна доза на маженственост, а според истражувањето, жените повеќе ги привлекуваат мажи кои имаат брада, отколку оние кои немаат.
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Квинсленд опфатило 8.500 жени од кои било побарано да оценуваат фотографии од мажи според тоа колку ги сметаат за привлечни и дали ги сметаат како потенцијални партнери за краткорочна или долготрајна врска.
Мнозинството жени ги оцениле мажите со брада како попривлечни и подобар избор за долга врска, додека мажите без брада им биле привлечни само за афери или кратки врски.
Според авторите на истражувањето, жените природно ги привлекуваат карактеристики кои се асоцираат на повисоко ниво на тестостерон. Со други зборови, таквиот изглед на жените им оддава впечаток на зрелост, а со такви мажи се чувствуваат посигурни.
Освен брадата, карактеристики кои ги прават мажите привлечни се и длабок глас и нагласена вилица, што се исто така два показатели на високо ниво на тестостерон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.