Жените подобро прикриваат прељуба

Научници од Универзитетот на Западна Австралија тврдат дека жените може да откријат дали партнерот ги изневрил само ако го погледнат неговото лице, а мажите ја немаат таа способност.
Испитувањето објавено во списанието Royal Society Open Science, опфатило 1.500 луѓе на кои им биле покажани фотографии од 189 луѓе (101 маж и 88 жени), коишто претходно одговарале на прашањето – дали некогаш извршиле прељуба?
Резултатите покажуваат дека и мажите и жените точно „ги погодиле” прељубниците, но не и прељубничките.
Она што за научниците било неочекувано, е дека мажите ги откриле своите „соперници“, но жените им биле просто – енигма. Слични се резултатите и кај жените набљудувачки. Тоа значи дека жените повешто го прикриваат неверството.


– Имајќи го предвид сè ова, и мажите и жените покажаа натпросечна точност за читање на лицата на мажите, но не и на жените. Прељубата навистина не може да се скрие од лицето на мажот, истакнуваат научниците.
Што ја тера една жена да се сомнева на неверство на партнерот?
Според истражувањето, тоа се сведува на машката природа и карактер. Но, научниците сметаат дека таа склоност не е најприсутна кај најубавите мажи.
– Изненадувачки е тоа дека иако оние позгодните мажи според оценките биле рангирани како најневерни, во реалноста тоа било така во многу помал број случаи, се истакнува во истражувањето .

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.