Жените „полудеа“ по јапонската метода која ветува потенок струк

Сакате да ги изгубите килограмите, но не и да поминувате часови во теретана? Наводно тоа е возможно со оваа јапонска метода за слабеење.
Имено, некои веруваат дека методата која пред 10 години ја осмислил физијатарот Тошики Фукутсуџи е тајната на виткиот струк.
Јапонската метода вклучува лежење на простирка со замотан пешкир под долниот дел од грбот.
Наместо напорно вежбање, се што треба да правите е да лежите со нозете во ширина на рамената и рацете испружени над главата. Експертите препорачуваат да поминувате 5 или повеќе минути во оваа поза, како и редовно да ја практикувате истата за да видите резултати.
Како е тоа возможно?

Според личниот тренер и инструктор по јога, Кирстен Скот, методата може да биде ефикасна за подобрување на правилното држење и подобрување на работата на дигестивниот систем. Всушност, ваквата поза спречува надуеност на стомакот, а притоа ги зајакнува стомачните мускули.
„Неусогласеноста на коските која се појавува поради лошото држење може да значи дека нервните патишта се стеснети.
Делот на ‘рбетот помеѓу ребрата и малиот дел од грбот е место на кое се поврзуваат цревните нерви, па доколку карлицата е згрчена, може да дојде до проблеми со дигестијата како констипација, надуеност, гасови и желудочен рефлукс“, објаснила Кирстен за „Body & Soul“.
Инструкторката е сигурна дека техниката има позитивно влијание, токму како и оние кои ја испробале.
„Тешко е да се издржи 5 минути, но делува“, гласи еден од коментарот под видеото на Јутјуб.

Како се изведува оваа јапонска метода?
1. Замотајте пешкир со средна големина и зацврстете го за да не се отплетка.
2. Легнете на простирка, а пешкирот поставете го под долниот дел на грбот.
3. Стапалата поставете ги во ширина на рамената и свртете ги навнатре, а рацете испружете ги над главата.
4. Останете 5 или повеќе минути во оваа положба.
5. Повторувајте ја секојдневно или барем неколку пати неделно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.