Покрај соодветната нега, која е неопходна, една храна може да придонесе за младешки и свеж изглед на лицето. Тоа е кромидот, кој, благодарение на високата содржина на витамин Ц и сулфур, може да биде ефикасен во намалувањето на брчките.
Го стимулира производството на колаген
Сулфурот кој се наоѓа во кромидот, заедно со витаминот Ц, го стимулира производството на колаген во кожата. Колагенот е протеин кој природно се наоѓа во кожата, но неговото производство опаѓа по 30-тата година, што предизвикува брчки и намалена еластичност на кожата. Најдобро е да го јадете, но можете и да го изрендате и да го измешате со мед, па да го користите еднаш неделно како маска за лице. Експертите наведуваат и дека минералите како бакар, манган и цинк можат дополнително да го зголемат производството на колаген. Тиквата и брокулата се исто така истакнати за нивното позитивно влијание на колагенот.
Експертите советуваат да се пие колаген
Многу студии препорачуваат употреба на производи за убавина со колаген за борба против стареењето, но важно е да се избере вистинскиот производ. За најдобар ефект, се препорачува да се земаат додатоци кои го подобруваат производството на колаген одвнатре. Овие додатоци брзо се апсорбираат во крвотокот, ефикасно влијаат на кожата и ја зајакнуваат нејзината еластичност.