Жените се кријат, мажите се фалат!

Вечна дилема – зошто жените и мажите лажат за бројот на сексуални партнери?! Жените секогаш го намалуваат бројот, така правејќи се помалку искусни. Мажите, пак, додаваат партнерки на списокот за да се прикажат како сексуални експерти. Ова воопшто не треба да зачудува со оглед на менталитетот во нашата средина и фактот дека кај нас заклучоци за личноста се носат врз основа на сексуалното однесување. Така, ако девојката имала повеќе од двајца партнери и се лепи етикетата “лесна женска”. Мажите, пак, ако немаат доволно материјал за муабет се забегани.
Очигледно малкумина или ретко кој знаат дека бројот на партнери нема никаква врска со способностите во креветот. Напротив, експертите велат дека оние кои се во долга врска, се многу подобри љубовници, бидејќи долгата врска го нуди следното:

Честота во сексот. Кога сте во врска имате секс ако не секоја, секоја втора вечер. Свесни сте дека повторувањето е мајка на знаењето. Ако сте во нестабилна врска или почесто ги менувате партнерите, редовниот секс се сведува на минимум. Тоа не значи дека ќе заборавите да водите љубов, но има разлика ако имате тренинг секоја вечер или пак еднаш месечно.
Отворен разговор. Сетете се колку време ви требаше да му кажете на партнерот дека одредена поза најмногу ви се допаѓа. Сега после толку време не се срамите да му кажете и покажете што сакате. Толку никогаш нема да се опуштите со момчето со кое спиевте пет пати. Не го познавате доволно и не знаете како ќе реагира на вашите забелешки. Партнерите во долга врска се трудат сексот да го сведат на максимално уживање. Притоа, секој од партнерите води сметка за тоа дали другиот ужива.
Увид во сексуалното здравје. Спиењето со повеќе партнери не само што може да ви донесе лоши муабети, туку можете да закачите и некоја болест. Ако сте во долга врска, несомнено и двајцата ќе бидете информирани за сексуалните проблеми. Довербата и почитта, грижата за другиот ќе направат повеќе да се грижите за да се заштитите од несакана бременост и слично.
Експериментирање во сексот. Се лажете ако мислите дека експериментирате со менувањето на партнерите. Така се враќате на почеток само со нов човек. Партнерите во долга врска ги пробуваат сите форми на секс, сите аспекти и тајни на чинот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.