Жените со мали гради имаат помал ризик од заболување од дијабетес отколку жените со поголеми гради, покажало истражувањето при Универзитетот Харвард и Торонто.
Научниците од овие Универзитети направиле истражување кое вклучило повеќе од 92.000 жени, кое покажало дека жените со поголеми гради имаат дури три пати поголем ризик за добивање на дијабетес. Така професорот Џоел Реј верува дека на ризикот од оваа болест влијае начинот на кој се развиваат градите за време на пубертетот.
„Пубертетот е период со зголемен отпор на инсулин – состојба во која телото не апсорбира глукоза како што треба, што предизвикува високо ниво на шеќер во крвта, прв симптом за дијабетес “ објаснува Реј.
Кај здравите тинејџерки се јавува по пубертетот, но тоа само може да биде причина зошто девојките со големи гради се изложени на поголем ризик за дијабетес во подоцнежните години.Жените со мали гради имаат помал ризик од заболување од дијабетес отколку жените со поголеми гради, покажало ист