Како што и самите можете да видите во филмовите, жените секогаш стенкаат и ја фрлаат главата наназад поради задоволство за време на сексуалниот однос. Можеби на многумина им изгледа како претерување, но многу е веројатно дека воздишките на многумина им поставиле високи стандарди кога станува збор за интимност и кулминација. Дали женското стенкање секогаш има врска со тоа колку е добра „акцијата“? Според истражувањето за интимното однесување спроведено од тим научници од Универзитетот во Ланкашир, навистина не!
Авторите на тоа истражување дошле до заклучок дека гласното стенкање е всушност начин жените повеќе да го возбудат партнерот и да го стимулираат неговото задоволство. Научниците побарале од жените на возраст од 18 до 48 години детално да го опишат нивното стенкање за време на сексуалниот однос. Тие откриле дека повеќето жени испуштаат звуци за време на сексуалниот однос, но не нужно кога тие кулминираат. Наместо тоа, 66 отсто од нив признале дека стенкаат за да ја забрзаат кулминацијата на партнерот, додека 87 отсто од жените го прават тоа за да се чувствуваат посигурни.
Кога стенкате најмногу?
„Додека женската кулминација најчесто се постигнува за време на предиграта, стенкањето е на највисоко ниво пред или во исто време со машката кулминација“, заклучуваат научниците. Дополнително, тие додаваат дека жените вметнуваат звуци за да ја намалат „досадата“ во креветот. „Нема толку многу истражувања во оваа област, но ние сме бомбардирани преку медиумите со идејата дека стенкањето е поврзано со климакс и добра интимност“, рече научникот Кристен Марк, додавајќи:
„Ако стенкате, му давате до знаење на партнерот дека сè оди добро, што очигледно не е така. Затоа стенкањето треба да го „користите“ само кога нешто е добро, а не кога сакате да го скриете она што не е за тој ќе заврши порано, учи дека треба да преземе одговорност за сопственото задоволство, а тие можат да одат чекор понатаму, можат да бидат учители за својот маж“, рече Марк, кој истакнува дека стенкањето докажано стимулира женска кулминација, не само машка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.