Некои девојки мислат дека немаат среќа со изборот на партнерите. Но, вистината честопати е сосема поразлична.
На припадниците од посилниот пол, тешко им е да останат во врска со партнерка, која размислува и се однесува на следниот начин.
Ова се женските испади кои нема да ги издржи ни највљубениот маж:
1. Очајна потреба за внимание.
На сите луѓе им е потребно внимание од саканата личност. Ама, кога жената инсистира мажот постојано да ѝ се јавува, а уште и се лути ако не ѝ одговора на пораките доволно брзо, тогаш проблемот дефинитивно не е до него.
2. Драматизирање без причина.
Несигурните жени создаваат проблеми, дури и таму кадешто реално ги нема. А, ова на мажите им е исклучително одбивно. Доколку таа е незадоволна од изгледот, па редовно се поплакува на партнерот, големи се шансите дека ќе му стане ужасно здодевна.
Тој (не) е приморан без престан да ги следи нејзините драми. Особено кога се без причина.
3. Дневни изливи на љубомора.
Љубомората во мали дози е сосема прифатлива. Меѓутоа, ако жената има изливи на дневна основа, како и за поводи заради кои ниедна друга не би се однесувала на таков начин, веројатно со тоа силно ги одбива партнерите од неа.
Љубоморната жена е непривлечна исто како и љубоморниот маж.