Женски ситници кои за една секунда не расположуваат

Во текот на денот мислите ни доаѓаат и си одат со голема брзина, а бројните обврски не принудуваат да ги извршуваме секојдневните активности рефлексно и без многу размислување.

Женски ситници кои за една секунда не расположуваат

Токму во таква атмосфера некои ситници можат да предизвикаат големо олеснување и за момент да не развеселат.

Ви нудиме листа од неколку работи во кои веруваме дека ќе се препознае секоја дама…

  • Кога ќе го симнеме градникот по напорниот работен ден.
  • Кога ќе ја симнеме шминката од лицето.
  • Кога ќе ја пуштиме косата која цел ден била стегната.
  • Кога мислиме дека сме добиле менструација додека сме излезени, но на крајот ќе испадне дека е само лажна тревога.
  • Кога ќе се намирисаме со новиот парфем.
  • Кога мислиме дека сме изгубиле нешто, а потоа ќе го најдеме во ташната.
  • Кога ќе сфатиме дека новите чевли ни се удобни на стапалата.
  • Кога ќе се рзбудиме со донекаде добра фризура.
  • Кога немаме шнола за коса, а потоа ќе ја најдеме на работната маса или во фиоката.
  • Кога ставаме крема за раце.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.