Женски тајни кои момците не се во состојба да ги сочуваат

Мажите не се озборувачи како жените, но и ним често им се „лизгаат“ некои работи кои треба да ги премолчат. Она што особено сакаат да споделат со нивните пријатели се некои тајни за кои вие се надевате дека ќе останат само помеѓу вас двајца.
Еве кои се тие:
Депилирање на надусници
Жените после долга врска, особено ако живеат заедно со момчето, прават секојдневни работи како депилирање на надусници, која пак за него е мит која полека станува вистина. Ова сознание за нив не е шокантно, но е доволно интересно да го споделат со другарите.
„Ми се посреќи“
Без разлика на тоа колку ви е долга врската, момчето секогаш сака да им се пофали на другарите дека синоќа сте имале фантастичен секс. Тие немаат за цел да ги навредат девојките, туку само сакаат да си го нахранат своето его и да ја потврдат својата машкост пред другарите.
Вашите кавги
Неколкучасовната кавга која сте ја имале со момчето набрзо илегува и надвор. Момчињата сакаат да разговараат со нивните пријатели за тоа и да најдат „рамо за плачење“, некој кој ќе ги разбере и утеши. Ви советуваме и вие од време на време да си најдете свое „рамо за плачење“.
 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Мажите не се озборувачи како жените, но и ним често им се „лизгаат“ некои работи кои треба да ги премолчат

Пронајдете не на следниве мрежи: