Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Поранешниот заменик-министер за надворешни работи Андреј Жерновски по изјавата на Тимчо Муцунски дека „Македонија можеби ќе го пропушти возот за членство во ЕУ до 2030“ излезе со реакција дека актуелниот шеф на дипломатијата, како што вели тој, држи до ниво на член на некоја невладина организација.
„Се’ очекував, но ова не. Ваква изјава да даде актуелен министер за надворешни работи е, во најмала рака, скандалозно.
Има ли некој во негова пристојна близина да му објасни на која позиција е избран и која задача би требало да ја извршува ?!?

Наместо да биде мотор и движечка сила во процесот на евроинтеграциите, односно да внесува оптимизам и верба во неопходниот процес, си дозволува да дава изјави како да е член на некоја паланечка НВО.

Наместо да објави конкретен акциски план како да го фатиме приклучокот кон ЕУ, слушаме несериозни ламентирања како бил загрижен дека нема да успееме.

Јас пак, сум загрижен дека допрва ќе се изнаслушаме вакви бисери“, објави доскорешниот амбасадор во Романија на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: