Изминатиов викенд (16 март) двајца мажи започнале тепачка по слетувањето, и симнувањето од авион на компанијата „Рајанер“, лет број FR653 кој летал од Глазгов за Тенерифе. Од видеото кое го снимил Бен Вардроп, еден од патниците, може да се види како двајца патници се расправаат со стјуардесата која се обидува да ја смири ситуацијата. Бен вели дека целата расправија започнала за една жена која не носела чевли додека одела во тоалет. Многу пијан патник, не се согласувал со ваквата постапка и негодувал, а нејзиното момче скокнало и сакало да ја разјасни ситуацијата.
Во текот на летот бил конзумиран алкохол во големи количини и кога авионот слетат караницата продолжила. И двајцата била многу пијани и почнале да се тепаат. Некои медиуми јавуваат и дека едниот од патниците замешан во оваа тепачка му го гризнал носот на другиот.
Во меѓувреме, протпаролот на „Рајанер“ изјави за инцидентот:
Екипажот на овој лет од Глазгов до Тенерифе побара полициска асистенција кога пристигна на аеродром откако двајца патници станаа премногу груби и насилни меѓу себе. Авионот слета нормално и полицијата ги отстрани двете лица. Ние нема да толерираме некултурни и недолично однесување кое ја загрозува безбедноста и комодитетот на нашите патници, екипажот и летот кој е наш приоритет број еден. Сега проблемот е во рацете на локалната полиција.