Жестоки протести против карантинот избувнаа во Париз

Жестоки протести против карантинот избувнаа во Париз.

Немири избувнаа во Париз поради гневот од „жестокиот третман применет од полицијата кон етничките малцинства за време на затворањето поради коронавирусот. Полицијата употребила солзавец и димни бомци во Вилнев-ла-Гарен, северен Париз, рано утринава.

Вооружената полиција се појавила во деловите каде се собраа групи демонстранти. Ова се случи откако 30-годишник беше сериозно повреден во судир со необележан полициски автомобил.

Историски пад на цената на нафтата. Во Македонија се планира покачување на цените со нови даноци

Претседателот Емануел Макрон ги продолжи мерките за социјално дистанцирање во Франција до 11 мај. Дневната бројка на смртни случаи од вирусот падна на најниско ниво за три недели, евидентирани се 395 смртни случаи, со што вкупната бројка достигна 19.718.

Огномет го обои небото црвено над париското предградие рано утрово, покажуваат видеата објавени на социјалните медиуми.

Видеата од протестите ги објави францускиот новинар Таха Бухафс, кој е со алжирско потекло. Тие вклучуваат и едно каде протестирачот е нападнат од полицијата – што доведе веднаш до обвиненија за расизам.

Претходните слики на г. Бухаф покажуваат дека полицијата пукала во канистри со солзавец.

Протести имаше вчера и во Израел:

Анти Нетанјаху протест – со запазена социјална дистанца

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.