Жељко за првпат искрено проговори за животот

Еден од најпопуларните пејачи Жељко Јоксимовиќ ја отвори душата, па кажа се што му се случувало, а не е толку пријатно.
-Секоја работа бара жртва и одрекување. Мислам дека не правев големи компромиси во таа смисла. Го следев својот пат и се трудев работата да не ми биде господар, туку обратно, изјави Жељко за српските медиуми и додаде:
-Секогаш кога ќе забележев дека станувам жртва на она што го работам, се откажував и се повлекував. Сакам баланс во секој аспект, на работа, во семејството, во животот.
Јоксимовиќ говорел и за тешките моменти од неговиот живот.


-На почетокот беше навистина тешко, од немаштија до фактот дека од дома заминав многу млад за да се школовам за музика, и така понатаму. Тешко е кога работите во вечерни часови, па мора да бидете будни цела ноќ, изјави популарниот пејач.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.