Групата „En Vogue“ беше популарна и палеше насекаде во деведесетите со хитовите како „Don’t let go“ и „Whatta man“.
Групата, формирана во 1989 година, е номинирана за седум Греми награди и има освоено седум MTV VMA, повеќе од која било друга група девојки досега. Тери Елис (51) и Синди Херон (53) се единствените членови на оваа четворка кои нон-стоп се со групата од нејзиниот почеток.
Во групата беше и пејачката Дона Робинсон, главниот вокал, која сега сними видео во кое открива дека живее во нејзиниот автомобил веќе три години.
Таа ја објави оваа исповед на нејзиниот канал на YouTube и рече дека нејзиниот живот се променил кога започнала пандемијата. Таа не можела да настапува и да заработува за живот, па се преселила кај нејзините родители во Лас Вегас.
По некое време, односите со нејзиното семејство станале затегнати, па Дона, по наговор на нејзиниот поранешен менаџер, решил да се врати во Лос Анџелес.
На видеото таа открива дека ја влечел и наместо да и’ помогне да најде стан како што ветил, ја сместил во хотел, а таа потоа открила дека лесно може да се навикне да живее во автомобил.
Пејачката во видеото вели дека има членство во теретана во која се тушира секој ден и дека сега како бездомници најголема поддршка и’ пружаат мајката на нејзиното поранешно момче, нејзиниот брат Евин и нејзината асистентка Ники.
Ова признание доаѓа набргу откако остатокот од En Vogue настапи на НБА Ол-стар викендот.
Пронајдете не на следниве мрежи: