Нашиот потсвесен ум има големо влијание на тоа како се однесуваме, што правиме и како ги гледаме работите околу нас. Нашиот потсвесен ум складира сѐ што сме виделе, почувствувале. Овој тест со сликата и она што прво сте го здогледале открива што ви е најважно во љубовта.
Погледнете ја сликата подолу и вашиот несвесен ум нека го одбере животното кое прво ќе го здогледате.
Сега кога го одбравте животното, да откриеме што значи вашиот избор.
Ако прво здогледавте лисица
Вие сте позитивни и романтични. Оваа слика ја претставува илузијата на зајдисонцето поради портокалововата боја. Имате силна врска со природата и во љубовта барате личност со слични вредности. Приказните секогаш ни кажуваат дека лисиците се итри и паметни.
Личност: Вие сте многу чесна личност, мудроста е вашата природна супермоќ.
Врски: Слободата за вас е многу важна. Не ви смета долгорочна врска, сѐ додека не се чувствувате заробено.
Ако прво здогледавте делфин
Вие сте интелигентни и мирни. Вие сте софистицирани и ве следи среќа. Што се однесува до вашиот љубовен живот, барате интелигентна и мирна личност. Вие сте шармантни, луѓето сакаат да бидат во ваше друштво и вие го сакате тоа.
Личност: Љубезност, мир и хармонија ја опишуваат вашата личност.
Врски: Сакате големо семејство. Се грижите за сите, ги памтите сите родендени и што им се допаѓа на луѓето кои ги сакате.