Во едно од своите писма до својот помлад брат, познатиот руски писател Антон Чехов напишал: „Животот има свои услови. За човек да биде прифатен помеѓу вистински образовани луѓе, мора да биде културен.“
Во истото тоа писмо, Чехов составува список од услови кои ги исполнуваат културните луѓе:
Тие ја почитуваат човековата личност и затоа секогаш се љубезни, внимателни, учитиви и подготвени да направат нешто за другите.
Тие сочувствуваат со сите, не само со просјаци и мачки.
Се грижат и за она коешто не е гледа и подготвени се да се жртвуваат за да им помогнат на другите.
Тие го почитуваат туѓиот имот и посед и затоа секогаш ги враќаат долговите.
Искрени се и ги презираат лагите. Не лажат дури ни кога ситници се во прашање. Лагата во навредува соговорникот и го понижува во очите на говорникот.
Не позираат, исто се однесуваат и на улица и во својот дом, не се прават важни пред своите скромни пријатели.
Не се склони кон постојано зборење, ниту ги оптоваруваат другите со своите исповеди. Од почитување кон туѓите уши повеќе молчат отколку што зборуваат.
Не се понижуваат себеси за да предизвикаат сожалување. Не играат со туѓите чувства за да добијат внимание. Не велат: „Мене никој не ме разбира“ или „Никој не се грижи за мене“, затоа што тоа се евтини трикови.
Не патат од плитка суета. Не се грижат за лажни вредности, познанства со познати личности или за тоа самите да бидат познати. Ако учеле нешто важно, не прават од тоа најголема работа на светот и не се фалат со тоа дека имаат пристап таму каде што другите не можат. Оние кои се навистина талентирани секогаш се тргаат од светлото и рекламирањето.
Ако имаат некаков талент – го почитуваат. Поради тоа жртвуваат одмор, романси, забава, суета. Тие се гордеа со својот талент, но и се многу посветени.
Имаат развиено чувство за убавото. Не одат на спиење облечени, ја одржуваат чистотијата на животниот простор. Водат сметка да ги контролираат своите нагони и да не го гледаат спротивниот пол како сексуален предмет.
Тежнеат кон оригиналност, отменост, човечност, им се воодушевуваат на мајчинските чувства.
Не се опиваат затоа што сметаат дека не се свињи. Се држат до начелото: Во здраво тело, здрав дух.
Така изгледаат културните луѓе. За човек да биде културен не е доволно да чита романи и да посетува театар. Тој мора непрестајно, деноноќно да работи на себе, да чита, да учи, да се труди…и веднаш да ја отфли суетата, затоа што секој изгубен час е важен.